На плоштадот „Македонија“ во Скопје, за утре во 18 часот, најавен е протест на студентите во врска со загубените животи на 59 жртви од пожарот што ја зафати дискотеката „Пулс“.

Денес, неколку стотици студенти се собраа во кампусот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Собирот почна со седум минутен молк за 59-те жртви во пожарот во Кочани. Отворена беше и книга на жалост.