Антонио Конте го испофали Кристијан Ериксен особено по голот против Милан во купот, но позицијата на Данецот сепак не е сигурна во Интер. Како што пишува „Калчиомеркато“ Томас Тухел го сака Ериксен во Челзи, а „сините“ се подготвени да влезат во преговори со Интер.

Не е исклучена ниту можноста Челзи да го понуди Жоржињо кого Конте многу го цени.

Доколку се случи ова тогаш Ериксен ќе стане „предавник“ кај навивачите на Тотенхем, кои се лути градски ривали со Челзи.

loading…