Има најмалку осум мртви и околу 20 ранети лица, соопштиле денеска претставници од истражните служби, како што јавува новинската агенција Интерфакс. Според изјава на надлежно лице од универзиттеот, напаѓачот, исто така студент, во меѓувреме е убиен, но според други информации тој е ранет и е уапсен.
На видеа на социјалната мрежа Телеграм се гледа како луѓе скокаат од прозорците од универзитетската зграда. Внатре во просториите во зградата студентите се забарикадирале потпирајќи ги вратите со столици и маси. Од нив било побарано да се заклучат во предавалните, а професорите се засолниле во своите канцеларии пред маскираниот напаѓач. Не е познато кој е мотивот за нападот во универзитетот во Перм, град на 1200 километри источно од Москва, започната е истрага за убиство.