Законите се прифатени и правно обврзувачки правила кои покажуваат што е забрането, а што дозволено и ги уредуваат односите меѓу жителите и државата, но и помеѓу самите жители. Законите варираат од земја до земја, иако повеќето се слични, сепак постојат и закони ширум светот кои звучат прилично чудно.
Во американската држава Аризона е забрането да оставите магаре да спие во када.
Ако имате куче во италијанскиот град Торино, тогаш според закон морате да го носите трипати дневно на прошетка.

Во Јужноафриканската Република не е дозволено да се борите со мечки, што е многу чуден закон со оглед на фактот дека во оваа земја воопшто нема мечки, а веруваме ниту луѓе кои доброволно би се бореле со нив.
Доколку во Јужна Австралија намерно се обидете да саботирате венчавка, тоа може да ве чини 10.000 долари и две години зад решетки.
Во градот Ла Паз во Боливија на омажените жени им е дозволено да нарачаат само едно чаша вино во ресторан или бар.

Според законот од 1313 година, кој се уште е на сила, во Британскиот парламент е забрането да влезете во оклоп.
Во Сингапур мастики може да набавите единствено во аптеките и тоа со рецепт од доктор во кој пишува дека тие ви се потребни поради терапевтски цели.
Жителите на Монако не смеат да се коцкаат во казината на Монте Карло.

На некои плажи во Шпанија е забрането да градите големи замоци и скулптури од песок.
Во Шри Ланка ќе платите казна доколку направите селфи пред статуата на Буда.