На неколку гласачки места во земјава, ќе биде продолжено гласањето, информираше претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Тој информираше дека имало 739 приговори, од кои 642 биле прифатени.

Даштевски кажа дека во Центар на три избирачки места гласањето ќе се продолжи за 2 часа и 55 минути.

Во Сарај на две избирачки места за 2 часа и 55 минути и на едно место 2 часа. Во Карпош едно место 2 часа и 30 минути. Во Чешиново Облешево за 1 час и 11 минути ќе се продолжи во едно избирачко место. Во Зелениково за 2 часа и 15 минути.

Во Пробиштип на две места: едното за 1 час и 55 минути, на второ за два часа. И во Долнени за 1 час и 30 минути.