Во моментов 32 здравствени работници од Клиниката за нефрологија се заболени со Ковид-19, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Двајца од нив се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а еден техничар е хоспитализиран на Клиниката за кожни болести.

Работењето на Клиниката за нефрологија се одвива регуларно и нема никаков застој во извршување на тековните обврски. За сите кои отсуствуваат има дополнителен кадар кој го надополнува отсуството, посочуваат од Министерството.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.