Според даночните пријави што минале низ системот на Управата за јавни приходи станува јасно дека најмладиот милионер во Македонија во 2021 година имал осум години.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денес ги соопшти резултатите од анализата на годишните даночни пријави за 2021 година.

„Во категоријата најмлад и највозрасен милионер, лице што во 2021 година било на 8-годишна возраст остварило доход од 1.020.508 денари по основ на семејна пензија, а лице на 96 години остварило доход во износ од 1,2 милион денари. Кај двете лица најголемиот приход е остварен по основ на пензија“, рече директорката Лукаревска.