реклама

Фиби Гејтс, најмладата ќерка на Бил Гејтс, инаку успешна „тиктокерка“, признава дека она што најмногу ѝ пречи во животот е тоа што јавноста создава лажни мислења за неа и нејзиното семејство.

Имено, Фиби во интервју за „Информејшн“ објасни дека ѝ пречат гласините и теориите на заговор за татко ѝ, избрзаните и погрешни заклучоци, а убедена е и дека луѓето ја следат на интернет само затоа што е ќерка на Бил Гејтс.

реклама

– Прилично сум сигурна дека луѓето почнуваат да ме следат поради моето презиме и татко ми. Веројатно на луѓето им е смешно да го видат татко ми како си игра со „Боксболен“ („паметна“ вреќа за бокс)… Но, штом ќе ме заследат, главно остануваат на мојот профил. И мислам дека остануваат затоа што објавувам многу за жените, женското здравје и слични работи, изјави Фиби.

Фиби рече и дека нејзината мајка ѝ е поддршка и оти е љубопитна за секој нејзин успех на социјалните мрежи.

реклама

– Таа разбира дека токму тука растат младите луѓе денес. И татко ми објавува доста на социјалните мрежи, но тој самиот не следи други луѓе, додаде Фиби.

Младата девојкa патем нагласи дека ѝ е смачено од некои следачи што ја критикуваат оти е во врска со црнец, т.е. со Роберт Рос.

реклама

– Момци, 2023 година е и ме прашувате зошто сум во меѓурасна врска!?, праша Гејтс реторички.

Инаку, Гејтс има повеќе од 64.000 следачи на Тик-ток, а 195.000 луѓе ја следат на Инстаграм. 

реклама