Милан оваа сезона има огромни проблеми со повредени играчи.

Во пресрет на дуелот од Серија А со Фиорентина, тренерот на „росонерите“, Стефано Пиоли се соочува со нови предизвици.

Анте Ребиќ, Рафаел Леао, Алесио Ромањоли, Давиде Калабрија, Марио Манџукиќ и Даниел Малдини нема да се натпреваруваат за дуелот со Фиорентина, кој ќе се игра во недела.

Исто така, Златан Ибрахимовиќ не е целосно подготвен за сите 90 минути, поради што Кастиљехо играше како лажна деветка против Манчестер Јунајтед.