До 4 септември, со една доза на вакцина против Ковид 19 вакцинирани се 44,6% од севкупното население над 18 годишна возраст. Вкупно 54 oтсто од граѓаните над 40 години имаат примено барем една доза на вакцина, а најмал е процентот на граѓаните меѓу 18 и 39 години, 29 отсто , соопшти Министерството за здравство.

Според последните податоци, најголем опфат со една доза на вакцина има во Неготино 63,4%, Кавадарци 62,3% и Охрид 61,4%. По нив, најмногу вакцинирани со прва доза има во градовите Гевгелија 59,8%, Берово 56%, Ресен 57,2%, Битола 55,8%, Ресен 57,2%, Пехчево 53%, Крушево 52,3%, Валандово 53,3%, Штип 51,9%, Пробиштип 50,5%. Помеѓу 40-50% опфат на вакцинирано население со барем една доза на вакцина има во градовите Демир Хисар, Велес, Св.Николе, Кочани, Делчево, К.Паланка, Струга, Прилеп, М.Брод, и Скопје, а помеѓу 30-40% опфат во градовите Кичево, Виница, Куманово, Кратово, Струмица, Тетово, Гостивар, Радовиш. Најмал процент од населението, вакцинирано со барем една доза вакцина има во градовите Гостивар 30,5% и Дебар 31,7%.

Во тек е вакцинација во сите постоечки вакцинални пунктови во државата, каде граѓаните може да се вакцинираат без да закажат термин. Процесот на вакцинација со домашна посета се одвива со претходно искажана заинтересираност до најблискиот пункт на местото на живеење.

Вакцини има во доволен број. Апелираме на заинтересираност и вклучување во процесот на вакцинација, особено до помладата популација на граѓани во периодот што следува. Вирусот не ги исклучува младите, а на тоа укажуваат бројките од последите анализи. Потребно е сега младите активно да се вклучат во опфатот со вакцинација и само на овој начин, со што поголем процент на вакцинирано население помеѓу помладата популација ќе го зацврстиме колективниот имунитет и заеднички ќе создадеме бариера на секој иден епидемиолошки бран предизвикан од вирусот Ковид 19, велат од МЗ.

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 747.225 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.621 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.159 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.332.658 дози вакцини, а ревакцинирани се 579.358 граѓани.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.