
Најмалку едно лице загина, а три се повредени по обилните врнежи од дожд, придружени со невреме, кои предизвикаа лизгање на земјиштето во централна Јапонија и го запреа железничкиот сообраќај.
Еден човек загина во префектурата Шизуока откако неговиот автомобил паднал во езеро. Три лица се повредени во одрон во таа префектура, а едно лице се води како исчезнато. Невремето ја погоди Јапонија по тајфунот во кој загинаа неколку луѓе во последните недели.