Најмалку 82 лица загинаа во пожарот што го зафати ковид-центарот во болницата „Ибн ал-Хатиб“ во Багдад, а повредени се над 100 лица. Како што јавуваат медиумите, ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими денеска ги отпушти клучните здравствени службеници.

Ал-Кадими оцени дека пожарот е предизвикан од небрежност и од тие причини го отпушти генералниот директор на Одделот за здравство во областа ал-Русаф, каде се наоѓа болницата, директорот на болницата „Ибн ал-Хатиб“ и шефот за технологија и одржување, се навеува во соопштението на Министерството за здравство и од кабинетот на премиерот.

– Advertisement –

По избувнувањето на пожарот, премиерот одржа итен состанок во седиштето на Оперативната команда во Багдад, која ги координира ирачките безбедносни сили.

„Небрежноста во вакви работи не е грешка, туку злосторство за кое сите несосвесни страни мораат да сносат одговорност“, рече Кадими и им нареди на ирачките власти да ги објават резултатите од истрагата во рок од 24 часа.
Според сведочењето на лекар од местото на настанот, шише со кислород експлодирало синоќа на вториот кат од болницата и предизвикало пожар што брзо се проширил.

Пожарникарите го гаснеле пламенот до раните утрински часови, а Брзата помош пренела десетици повредени во други болници.

(Фото: АП)

Прикажи повеќе