Началникот на генералштабот на украинската армија Валериј Залужни соопшти дека денеска врз Украина биле истрелани 75 проектили.

Залужни на Твитер напиша дека 41 од нив биле соборени од воздушната одбрана на Украина.

„Вооружените сили прават се за да ги заштитат сограѓаните. Сепак, непријателскиот напад продолжува. Ги повикувам сите да останат во засолништа!“, напиша тој.

Украинското Министерство за одбрана на Фејсбук напиша дека ќе се одмазди за денешните руски ракетни напади.