Најмалку шест лица загинаа, а 37 се повредени во судир на автобус и камион во областа Сома, турската провинција Маниса, пренесува агенцијата Анадолија.
Се наведува дека автобусот, кој се движел на релација Истанбул-Измир, удрил во камион што стоел на лента за застанување на автопатот.
„Видовме дека многу медиуми објавуваат погрешни податоци за бројот на загинати во несреќата кај Сама. Моменталната ситуација е дека шест лица загинаа, а 37 се повредени. Шестмина од повредените се хоспитализирани во различни болници во Баликесир, додека другите се хоспитализирани во Маниса“, соопшти администрацијата на провинцијата Маниса.
Се посочува дека 30 повредени патници се хоспитализирани и дека во автобусот имало вкупно 53 лица. (МИА)