Најмалку 22 луѓе загинале а уште 17 други се повредени во експлозијата во рудникот за јаглен на северот на Турција, изјави турскиот министер за внатрешни работи во петокот ноќта.

Тројца од повредените се наоѓаат во критична состојба, изјави Сојлу за новинарите на местото на несреќата во округот Амасра, во црноморската провинција Бартин.

Вкупно 115 рудари се наоѓале во окното во време на експлозијата, изјави министерот додавајќи дека 49 се наоѓале во подлабоките делови од рудникот, на 300 и 350 метри под влезот, каде што и ризикот е поголем

Експлозијата одекнала околу 18,15 часот по локално време, но точната причина сѐ уште не е позната, изјави министерот за енергетика Фатих Донмез. Претходно беше обајвено дека експлозијата ја предизвикал трансформатор во рудникот за јаглен кој е во сопственост на државниот турски холдинг „Hard Coal Enterprises“, соопшти турската Управа за катастрофи (AFAD)

Турција има историја на несреќи во рудниците, што се припишува на слабо регулираната заштита при работа. Вкупно 301 лице загина во големата експлозија во рудникот за јаглен во 2019 година во округот Сома во егејската покраина Маниса.

Прикажи повеќе