На повидок е скандал во Серија А.
На Лацио може да му бидат одземени четири бода, за кршење на протоколот поврзан со коронавирус.
Клубот од Рим го прекрши протоколот во ноември, кога некои играчи играа за тимот само четири дена по одлуката за изолација.
Дисциплинската комисија во Серија А ќе испита сè што е поврзано со коронавирусот, така што Лацио може да биде само првиот клуб што ќе биде казнет за кршење на споменатиот протокол.
Серија А воведе ригорозни мерки оваа сезона и се следи секој потег на клубови и играчи.
loading…