Екипата на Лацио се соочува со казна. Иако случајот се уште се истражува, сепак италијанските медиуми велат дека овој тим би можел да остане без четири бода. Имено, тие ги прекршиле правилата за спречувањето на ширењето на коронавирусот. Во ноемви неколкумина играчи настапиле на натпревари, само четири дена откако добиле решение за изолација.

Дисциплинската комисија го истражува случајот и доколку се утврди кршење на протоколите ќе бидат казнети со одземање на бодови. Тоа ќе биде прв клуб да е казнет за кршење на протоколи за коронавирус.

loading…