Претседателот на СДСМ Зоран Заев за ТВ21 истакна дека до крајот на месецот ќе бидат готови коалициските договори.
Сепак додава, дека поддршка ќе добие таа партија со која имаат коалиција, не прецизирајќи дали е тоа Беса или ДУИ.
-Немам се уште одговор, но се надеваме дека ќе постигнеме договор до крајот на овој месец. Со ДУИ, БЕСА и ДПА. Таму каде што имаме повеќе кандидати од нашата коалиција, тој што ќе влезе во вториот круг логично е да биде поддржан од сите коалициони партнери“, порача Заев за ТВ21.
Но, што доколку во вториот круг во Тетово влезат кандидатот на ДУИ и кандидатот на БЕСА. Кого во тој случај ќе поддржи СДСМ? Теута Арифи или Биљал Касами. Заев резервиран со одговорот по ова прашање:
„Се уште е рано да се да се даваат такви одговори на такви претпоставки. Мојот одговор на ова прашање може само проблем да предизвика во коалицијата. Од кај нас повеќето мислат дека СДСМ ќе влезе во вториот круг со кандидатот од Алијанса. Рано е вака теоретски да се зборува, вели Заев за ТВ21.