На Клиниката за Ортопедски болести денеска е направана првата трансплантација на коска кај 19-годишен пациент. Операцијата, како што соопшти Министерството за здравство траела пет часа.
Како што информираат кај младиот пацинет е трансплантирана коска од починат дарител. -Тимот хирурзи предводен од проф. д-р Милан Самарџиски и д-р Александар Трајановски ја заврши комплексната операција на замена на малигно променето коскено ткиво со здраво ткиво од починат донатор кај пациент кој се лекува од малиген тумор на коска, по претходно спроведена биопсија и хемотерапија. Ова е прв ваков тип на интервенција на замена на оштетено коскено ткиво со дониран алографт. Во тимот учествуваа и д-р Далип Јахја, д-р Милена Богојевска Доксевска, д-р Александар Савески, д-р Резеарт Далипи како и васкуларниот хирург д-р Никола Граматниковски, наведуваат во соопштението.