На Универзитетската клиника за хематологија воведена е нова метода за лекување пациенти со имуномодуларна терапија.
За овој начин на лекување нашите пациенти претходно одеа да се лекуваат надвор од нашата земја, а фотоферезната имунолошка клеточна терапија популарно наречена фотофереза отсега ѝ е достапна на Клиниката за хематологија. Станува збор за специјална машина во која дел од крвта на пациентот се третира со специјален фотосензитивачки лек и потоа се изложува на специфична светлосна комора во која се активира. Крвта потоа се враќа назад и делува во организмот, велат од Министерството за здравство.
За усовршување на овој начин на лекување со медицинскиот тим на Хематологија работи едукатор од Германија.
Имуномодулаторна терапија нуди надеж за болните кои страдаат од Т-клеточни лимфоми, пациенти кои развиваат акутна или хронична форма на болеста GVHD, за лекување определени имунолошки болести и состојби како системска склероза, Кронова болест. Со фотоимуната терапија се третираат и пациенти по трансплатација на солидни органи – срце и бели дробови, во случаи кај кои телото го отфрла органот. Клиниката за хематологија, освен во третманот на пациенти вложува и во едукација и усовршување на својот медицински персонал, од следниот месец медицински тимови од оваа клиника ќе одат во Загреб, на едукација и усовршување на нови методи на лекување.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.