Градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески пријавил дека вчера му било украдено службеното возило. Полицијата ја пронашла колата во Маџари.
– На 07.04.2025 во 22 часот во Полициската станица Аеродром, Д.М.(37) од Скопје, градоначалник на општина Аеродром, пријавил дека во периодот од 15.30 часот на 04.04.2025 до 20.40 часот на 07.04.2025 од гаража на општина Аеродром на бул.„Јане Сандански“ било одземено патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на општината, информираше МВР.
Од МВР велат дека возилото е пронајдено на ул.„Перо Наков“, при што било констатирано дека недостасува една регистарска табличка. Дополнуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.