Токму оваа лабораторија , според информациите од јавното здравство на Англија, е првата која го откри новиот, многу заразен вид на мутиран ковид -19 уште во септември.
Најголемата лабораторија во Велика Британија, која извршува десетици илјади тестови на корона, стана ново жариште на ковид-19, откако вработените во лабораторијата не ги следеле безбедносните процедури, објави денес Дејли Меил.
Три од четирите научни тима од лабораторијата во Милтон Кинс се заразени со вирусот корона.
Токму оваа лабораторија , според информациите од јавното здравство на Англија, е првата која го откри новиот, многу заразен вид на мутиран ковид -19 уште во септември.
Администраторите и персоналот на магацинот исто така пријавиле случаи, така што 20 од 70-те членови на тимот биле изолирани, изјави вработен во лабораторија кој инсистираше на анонимност.
Жариштето на коронавирусот се заканува да ја запре работата на лабораторијата, со зголемени барања за тестирање, кои надминуваат и по 70.000 дневни ПЦР тестови.
Во вторникот беа обработени вкупно 47.000 тестови, додаде анонимен член на лабораторијата, кој за Скај Њуз изјави дека “нема шанси да можеме да обработиме 70.000 тестови со оваа брзина. Целата работа стана шега”.
Сепак, од Министерството за здравство и социјална заштита негираа дека не биле исполнети безбедносните мерки.
Новите лабораториски техничари сега се тестираат кога ќе дојдат во лабораторијата и седат во мензата чекајќи ги резултатите, додаде изворот, а вработените во моментов работат во 12-часовни смени за време на новогодишните празници за да исполнат голем број барања за тестирање.