Кристијан Ериксен иако сака, сè уште не може да го напушти Интер.
Данскиот репрезентативец е отпишан од страна на тренерот Антонио Конте и не може да дочека да си замине од „Џузепе Меаца“, но големи проблеми му прави платата.
Ериксен во Интер има годишна плата од 7.5 милиони евра поради што му пропаднаа два трансфери, и тоа во негови два поранешни тима.
Првиот тим кој се откажа од евентуален трансфер е холандскиот Ајакс кај кого постоеше сериозен интерес за Ериксен. Но, големата плата како и потребата во зимскиот преоден рок да се ангажира напаѓач, ги натераа челниците на Ајакс да платат 22.5 милиони евра за играчот на Вест Хем, Себастијан Халер.
Вториот тим кој се откажа од ангажирање на Ериксен е Тотенхем од каде замина токму во Интер. Мурињо е подготвен да го врати Ериксен, но нема шанси да му плаќа 7.5 милиони евра колку што добива во Интер.
Со пропаѓањето на трансферите, освен Ериксен и Интер се наоѓа во проблеми бидејќи се помалку екипи се заинтересирани за Данецот. „Нероаѕурите“ го понудиле Ериксен на Барселона и Реал Мадрид, но одговорот бил негативен и единствена шанса остануваат ПСЖ или Арсенал кои пројавуваат интерес.