Фудбалскиот клуб Ливерпул денеска потврди дека е потпишан нов договор со Фабињо.
Бразилскиот интернационалец потпиша договор со „црвените“ до јуни 2026 година и тоа е еден од серијата важни потписи за Ливерпул во пресрет на новата сезона.
„Среќен сум што потпишав нов договор со клубот. Бев многу позитивен од почетокот на преговорите, бидејќи отсекогаш сум сакал да потпишам нов договор да останам и да продолжам да играм за Ливерпул. Сега кога се е официјално, Многу сум среќен. Во изминатите три сезони сум многу задоволен во клубот. Научив многу, постигнавме многу успеси и мислам дека ова е најдоброто место за мене. Се надевам дека ќе продолжиме да освојуваме трофеи“, рече Фабињо.
Тој дојде на „Енфилд“ летото 2018 година за 45 милиони евра и стана многу важен член на тимот на Јирген Клоп.
Со „црвените“ ги освои титулите во Премиер лигата и Лигата на шампионите, а во црвениот дрес досега одигра 86 натпревари во домашното првенство и постигна три гола со шест асистенции.