Секогаш кога БЕГ ќе остане без гас, мора да има втора опција на која ќе продолжи да работи а тоа е единствено мазутот. Но ако се погледне во јавните набавки таков договор бег склучил со фирмата РКМ на 20 ти јануари, објави Телма. Ова е истражување во емисијата Код која ќе биде емитувана утре под наслов Зошто владата го спасува БЕГ.
Оваа фирма за која претходно КОД пишуваше дека во неколку наврати има увезувано опасно масло, а не мазут сега и во договорот навела дака ќе дистрибуира мазут со под 1 процент сулфур колку што е законски дозволено.
Фирмата е во сопственост на Ратко Капушевски, поранешен директор на СЦ Борис Трајковски, како и поранешен директор во фирмите на Сегеј Самсоненко.
БЕГ со РКМ склучила договор за набавка на 52,1 милиони литри мазут во вредност од 40 милиони евра, преку рамковна спогодба по цена од 39,26 денари за килограм мазут, постигната без објавување на оглас.
Повеќе на следниот ЛИНК.