Сопственикот на Фејсбук, Марк Цукерберг сега е на петтото место на листата на милијардери на Форбс, а неговото богатство се топи речиси во реално време.
Тој само за неколку саати изгубил 6,6 милијарди долари поради престанокот со работа на Фејсбук, Инстаграм и Ватсап.
Да потсетиме, популарните апликации на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Ватсап престанаа да работат нешто пред 18 часот. Ова е еден од најголемите и најдолгите прекини на нивната работа откако тие постојат. Од Фејсбук, тие објавија дека работат на решавање на проблемот. Проблемот беше надминат некаде пред полноќ.
По падот на Фејсбук, Инстаграм и ВатсАп, се појави информација дека личните податоци на повеќе од 1,5 милијарди корисници на Фејсбук се продаваат на хакерски форуми, што ќе им овозможи на сајбер криминалците и огласувачите да влијаат на корисниците на Интернет на глобално ниво.
Personal information of over 1.5 BILLION Facebook users reportedly up for grabs on hacker forum.
Privacy Affairs reports that:
▪️Data contains users’ name, email, phone number, location, gender, and user ID.
▪️Data allegedly new from 2021.
— RT (@RT_com) October 4, 2021