реклама

На сцената на театарот Долби каде вечерва беа доделени Оскарите, во еден момент се појави магаре.

Магаре по име Џени му се придружи на водителот Џими Кимел.

реклама

„Не само што Џени е актерка, таа е магаре со сертифицирана емоционална поддршка“, се пошегувал водителот додека актерот Колин Фарел му праќаше бакнежи на животното од публиката.

Имено, магарето Џени се појави во филмот The Banshees of Inisherin каде Колин ја имаше главната улога, за која беше номиниран за Оскар.

реклама

Сепак, Vulture дозна дека не е истото животно што се појавило во филмот.

реклама