Точно по една година, дојде до реализација и на третото издание на „Фјужн фестивал“ (Fusion Festival part 3).
Во услови кога целиот свет е во „карантин“ и љубителите на добрата музика се принудени да седат дома и да ги почитуваат препораките на стручните лица, и „Фјужн фестивал“ и „Спектаклум“ ви носат уште една незаборавна вечер, која во конкретните услови е од голема важност за публиката, но и еден вид помош за македонските артисти.
На 9 мај, со почеток во 20 часот од СЦ „Борис Трајковски“, ќе прозвучат дел од најдобрите македонски диџеи. Фестивалот ќе биде продуциран и организиран на истото ниво како во салата да има публика, за сите оние што ќе го проследат да имаат чувство дека се присутни на самото место.
На третото издание на „Фјужн фесивал“ ќе настапат Ампов, WISH.CO и Зоки Бејбе. Фестивалот кој е поддржан од Град Скопје, ќе може да се проследи на јутјуб-каналот на фестивалот, како и на официјалната фејсбук-страница.