Доколку сакате да го освежите својот репертоар, ви нудиме неколку нови акциони хитови, кои ја одбележаа 2020 година. Се разбира дел од насловите останаа помалку забележани, бидејќи пандемијата ги затвори киносалите, а најскапите проекти од овој жанр едноставно не се продуцирани за на телевизија.
1. „Тенет“
Научно-фантастичната акција на Кристофер Нолан – „Тенет“, е апсолутниот хит на годината, а воедно и најскапиот филм што бил премиерно прикажан во 2020 година. Точно е дека поголемиот број од луѓето ќе ви кажат дека во најголемиот дел од дејството на филмот, кое се базира на манипулации на временскиот тајмлајн, ама баш ништо не разбрале, сепак тоа не значи дека филмот не им се допаднал.
„Тенет“ претставува вистинска револуција за жанрот акција, во кој сценариото е прикажано како во „златната ера“ од 80-тите години на минатиот век, а скапите ефекти се тука за да ја помогнат приказната, наместо да ја обременуваат публиката.
Од првата до последната минута овој филм ќе ве закова за каучот и нема да ви даде можност за пауза. Поради комплексноста на мистериозноста, ќе ви биде потребно ова видео да го погледнете барем уште еднаш, иако е препорачливо најмалку трипати да се изгледа. Интересно е тоа што со секое ново гледање, ќе откриете нешто ново, некој нов агол што приказната ја прави приказната пологична.
Самото патување низ времето е парадокс за кој науката нема јасен одговор, затоа и филмските генијалци токму на ова поле ги имаат направено највозбудливите дела.
Во иднина се очекува „Тенет“ да добие и свои продолженија, па веројатно тоа ќе стане франшиза, од која подоцна ќе бидат издавани стрипови, книги, а се очекува да бидат снимани и серии.
2. „Плен“
Маргот Роби доби шанса да го продлабочи ликот на психопатката Харли Квин, како главен протагонист на филмот „Плен“.
Харли Квин, ноторна негативка, која случајно се бори на страната од „добрите“, досега сме ја гледале во други филмови, а за неа се напишани и многу стрипови. Сепак, во „Плен“ таа е главниот карактер и спротивно на очекувањата, тоа вроди со извонредно забавен филм.
Неколку сцени од овој филм уште сега можат да се прогласат за антологиски, а истото може да биде кажано и за целиот проект.
3. „Невидливиот човек“
Овој филм би можел да биде сместен во жанрот драма, доколку не се неколкуте возбудливи сцени во кои невидливиот човек се пресметува со противниците.
Сепак, се работи за едно оригинално издание, кое претставува вистинско освежување во понудата. Сите честитки одат за режисерот Ли Ванел, како и за актерот кој е „невидлив“, Оливер Џексон Коен.
4. „Стара гарда“
Шарлиз Терон во филм од жанрот акција, тоа е рецепт за успех. Но, во „Стара гарда“ јужноафриканската ѕвезда прави чекор напред, па можеби и затоа овој филм е меѓу најгледаните на платформата на Нетфликс за изминатата година.
Група бесмртни воини се обидуваат да го спасат светот и тоа го прават со векови. „Стара гарда“ е извонреден филм, кој тешко дека некому нема да му се допадне.
5. „Избавување“
Класичен акционен филм, кој во понудената листа единствен се држи за жанрот. Крис Хемсворт е во улога на платеник, кој оди во најопасните делови од светот за да избавува киднапирани луѓе од канџите на озлогласени терористи и криминалци.
Филмот изобилува со акциски сцени на борба и насилство, но далеку од тоа дека не е забавен.
6. „Лоши момчиња доживотно“
„Лоши момчиња“ е еден од најдобрите филмови некогаш снимен, но за жал тоа не може да се каже за продолжението. Но, на големо изненадување третото продолжение од филмот е на висината на задачата. Овој пат смислена е добра приказна за главните ликови, детективите Мајк и Маркус, кои се бескомпромисни борци против наркокартелите и се борат со едни од најопасните луѓе на планетата.
Мартин Лоренс и Вил Смит по третпат ги повторија своите улоги, на големо задоволство на публиката.
7. „Мулан“
Легендата за кинеската хероина доби и филмска адаптација, која за несреќа се појави во најлошиот момент. Блокбастерот на „Дизни“ не беше во можност да стане најгледан и најуспешен комерцијален проект во 2020 година, бидејќи кината речиси и да не проработија поради строгите прописи за здравствена заштита.
Сепак, „Мулан“ е одличен филм, кој иако е наменет за помладите, нема причина да не им се допадне и на постарите гледачи. Филмската верзија е поблиску до легендата, за разлика од цртаниот филм, кој своевремено постигна сензационален успех.
8. „Љубов и чудовишта“
Земјата е трансформирана и наместо луѓето, со неа владеат чудовиштата. Но, тоа не е причина малубројните луѓе да не ѝ се препуштат на потрагата по вечната љубов.
„Љубов и чудовишта“ и интересна авантура, која изобилува со акција. На моменти филмот е навистина возбудлив и секако дека вреди да се погледне.
9. „Чудесна жена 1984“
Годината се покажа како лоша за блокбастерите, а тоа особено се почувствува со продолжението на франшизата посветена на ликот и делото на „Чудесна жена“. Оригиналниот филм оствари ретко виден успех, но „Чудесна жена 1984“ и покрај тоа што располагаше со одличен кастинг и возбудливо сценарио е големо разочарување на годината.
Сепак, Дајана и натаму е моќна, убава и искрена, па нема да ви биде многу мака за да го проследите филмот.
10. „Фрики“
„Фрики“ е најмалку познатиот филм од оваа листа, кој сепак успеа да се најде меѓу избраните. Овој филм може да се смести во подгрупата хорор/акција, бидејќи има неколку сцени што не се за луѓе со слабо срце. Сепак, акциските сцени се извонредно снимени, па затоа и оваа препорака за гледање.