Кога мислиме на улични ресторани со ѕвезди на Мишелин, првата асоцијација обично нема врска со фудбалските стадиони, но кога станува збор за ресторанот Гераниум, тоа е неизбежно бидејќи се наоѓа на стадион.

Национален фудбалски стадион на Данска е Паркен, кој е исто така дом на ФК Копенхаген, но на неговиот осми кат е Гераниум, ресторан кој штотуку е прогласен за најдобар во светот. Овој ресторан има прекрасен поглед низ огромните прозорци на блискиот зелен парк, пренесува магазинот City.

За жителите на овој град овој ресторан е институција повеќе од една деценија. Во 2016 година стана првиот дански ресторан со 3 Мишелин ѕвезди, а од 2013 година се наоѓа на различни листи за најдобри ресторани во светот, а оваа година конечно стигна до првото место.

Покрај необичната локација и уредениот ентериер, овој ресторан се издвојува и поради тоа што не служи месни јадења, а и поради тоа што е отворен само четири дена во неделата. Доколку сте во Копенхаген и сакате да застанете кај овој ресторан, бидете подготвени, бидејќи тој воопшто не е евтин и проверете кога се играат натпреварите, за да не налетате на бескрајна река од навивачи.