Децата, знаеме, ги сакаат кучињата, но како да се избере најсоодветната раса за семејство со мали деца? Дали е вистина дека не се сите кучиња погодни кога се во прашања дечињата? Ви одговараме на најчестите прашања и ги откриваме најдобрите раси за семеен живот.
Иако по дефиниција нема лошо куче, за некои видови се знае дека се помалку склони кон дружељубивост. Други кучиња пак имаат динамичен карактер и сакаат почесто да шетаат, па ако вие не сте активен тип, би требале да се фокусирате на друга раса. Постојат некои раси кои се повеќе склони да поминуваат време покрај својот газда, додека други покажуваат поголеми потешкотии во почитувањето на правилата во домот.
Најдобри големи кучиња за семејство со деца
Меѓу големите кучиња најсоодветна за семејство со деца ја наоѓаме расата Златен ретривер, која со својата слаткост ги освојува и возрасните и децата. Тоа е многу интелигентно куче кое сака да игра, згора на тоа, многу е трпеливо, но и мирно. сигурен и има мирна диспозиција. Златниот ретривер обожава да трча и поради оваа причина се препорачува за оние кои имаат активен животен стил или имаат голем двор каде кучето ќе има соодветен простор за трчање и забава.
Друго од најдобрите кучиња за живот со деца е дефинитивно Ирскиот сетер. Тоа е многу активно и живо куче, и исто така се препорачува како миленик -придружник за најмалите, бидејќи е интелигентно и избалансирано.
Германскиот овчар е подеднакво одличен избор за куче кое ќе живее во семејство со мали деца: внимателен, трпелив, интелигентен и послушен, Германскиот овчар е една од најсоодветните раси за деца.
Расата Бордер Коли е совршена за живот со деца и секако заслужува почесно место меѓу најдобрите раси на кучиња за семејства; тоа е овчарско куче природно склоно да го заштитува стадото: поради оваа причина, бидејќи е исто така многу интелигентно, тоа е едно од најценетите придружници на децата. Инаку ова куче е со највисок коефициент на интелигенција, на секоја научена команда, како и на гласовна или гестикулативна команда, реагира речиси моментно.
Вистинскa добрина е Лабрадорот, совршен за живот со деца особено ако имате голем двор каде би можеле да играат.
Најдобри кучиња за семејство со деца кои имаат средна големина
Меѓу расите на кучиња со средна големина кои најдобро одговараат на семејниот живот, првото место му припаѓа на Мопс. Иако не е многу големо, има прилично цврста градба што го прави издржливо. Мопсот е секогаш подготвен за игра, има жив карактер и весел е.
Не многу распространетата раса на кучиња што сè уште доживува одредени предрасуди од вообичаеното мислење е онаа на Бул Териерот. Ова куче со уникатен изглед е совршен соиграч за најактивните и најживи деца затоа што е во состојба потполно да им се предаде на активностите без ни на миг да стане агресивно. Сепак, со странци и со оние кои не му припаѓаат на семејното јадро може да биде малку сомнежлив или лут, но со членовите на неговото семејство тој покажува силен инстинкт на заштита, што го прави идеално куче и за децата.
Боксерот е исто така вистински концентрат на нежност, многу погоден за живот со луѓе. Тој лудо ја сака играта и е секогаш е жив, се карактеризира со високо чувство на одговорност што го наведува да се грижи за членовите на неговото семејство, се разбира, и за децата.
Ако децата ви се многу темпераменти и никогаш не стојат на едно место, единствената раса што може да ги следи на секој чекор е Бигл. Тоа е љубовитно и интелигентно куче кое никогаш не одбива игра со топка. Сака да трча и да брка „пленови“, но во нивно отсуство, тоа е задоволно да си игра со своето семејство.
За крај, како би можеле да заборавиме на една од најпопуларните раси, позната по славниот цртан филм „101 Далматинец“? Далматинецот е елегантно и разиграно куче, со своите карактеристични точки ги привлекува и малите и возрасните. Вашите дечиња може да бидат сигурни во негово друштво, а при тоа, никогаш да не им биде здодевно.
Најдобрите кучиња од мала раса за семејство со деца
Ако немате многу простор во домот и барате мало куче кое ќе го носите постојано со вас, пудлицата е една од најпопуларните раси за семејства. Интелигентна, жива, љубопитна и љубител на друштво, ова мало куче отсекогаш било едно од најбараните миленичиња.
Други мали кучиња многу присутни во домовите со деца се Малтезерите; оваа раса, која може да достигне максимум 4 кг се карактеризира со живост: сакаат да играат, но исто така се многу соодветни за живот во стан.
Меѓу кучињата кои најмногу ги сакаат децата, се францускиот булдог, велшкиот корги Пемброк и кокер шпаниел. Велшкиот Корги е одличен избор затоа што, и покрај тоа што е активно и разиграно мало куче, има мирен карактер. Подеднакво погоден е и францускиот булдог: мал и со зарамнет нос ова куче ќе се покаже како одличен пријател дури и за најмалите.
Сепак, да напоменеме, некои раси од малите кучиња не сакаат да бидат „малтретирани“ од децата, за разлика од Германскиот овчар и гореспомнатите големи кучиња, па затоа пред да ги оставите да играат насамо, бидете сигурни дека вашите дечиња нема да го „гњават“ кученцето туку само ќе си поиграат со него.
Фото:Pixabay