Владата на денешната седница, по скратена постапка, го прифати Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите со кој се предвидува со денот на негово влегување во сила да престане да важи Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба.

– Предложените измени се со цел да се продолжи со примена на новиот начин на пресметување на акцизата за одредени енергенси во зависност од малопродажната цена на соодветниот енергенс на светските берзи и истовремено ќе се овозможи и натаму да се користи механизмот кој овозможува постепено враќање на постојните износи на акциза во услови на нормализирање на цените на пазарот на нафтени деривати, а кои се веќе воспоставени со донесувањето на Уредбата со законска силаинформира владината прес-служба.

Дополнително, со измените се предлагаат одредби кои се во насока на доработување, појаснување и прецизирање на одредбите од Законот за акцизите.