– Национален празник на Нов Зеланд
1665 – Родена е англиската кралица Ана, која владееше од 1702 до 1714 година како последен монарх од династијата Стјуард. Кралицата Ана во 1707 година ги обедини Англија и Шкотска.
1685 – Умре англискиот крал Чарлс Втори Стјуарт, син на Чарлс Први кој беше погубен во граѓанската војна во 1649 година. Чарлс Втори Стјуард стана монарх во 1660 година, по укинувањето на републиката која беше воспоставена во 1653 година од Оливер Кромвел.
1802 – Роден е англискиот физичар Чарлс Витстоун, пионер на телеграфијата. Toj го пронајде методот за одредување на електричниот отпор, а ги истражуваше и електрицитетот, светлината и звукот.
1804 – Умре Џозеф Пристли, англиски материјалистички филозоф, физичар и хемичар. Ги откри кислородот, амонијакот, хлороводородот, сулфурната киселина, азот-диоксидот и јаглеродниот диоксид. Роден е на 13 март 1733 година.
1893 – Во Охрид умре Григор Прличев, еден од најпознатите македонски писатели од 19 век. Меѓу најпознатите негови остварувања се поемите “Сердарот” и “Скендербег”, и познатото дело “Автобиографија”. Со поемата “Сердарот”, за која на поетскиот конкурс во Атина доби Ловоров венец, ја издигна македонската литература меѓу најпознатите книжевни остварувања на Балканот во своето време. Роден е во Охрид, на 30 јануари 1830 година.
1897 – Грчкиот остров Крит доби автономен статус во рамките на турското царство, што беше последица на масовното востание кое изби на Крит. Островот Крит на Грција и припадна по Балканските војни во 1913 година.
1899 – На Филипините избувна востание против американската окупациска армија. По Американско-шпанската војна, САД ги приграбија Куба, Порторико и Филипини, што го означи крајот на шпанското колонијално царство.
1911 – Роден е американскиот политичар и државник Роналд Реган. Републиканец, а на почетокот на својата кариера и актер. Од 1967 до 1974 година беше гувернер на американската држава Калифорнија. Како претседател на САД од 1981 до 1989 година се залагаше за цврста монетарна политика, го либерализираше пазарот, ги намали државните трошоци и инфлацијата и придонесе за зголемување на вработеноста во САД. Успешно ја реши кризата со американските заробеници во Иран и ги подобри односите со поранешниот Советски Сојуз. Десет денови по неговата инаугурација за претседател на САД, врз него е извршен атентат. Тој беше пренесен во болницата “Џорџ Вашингтон”, каде што му беше направена хируршка интервенција.
1912 – Родена е Ева Браун. Официјална сопруга на германскиот диктатор Адолф Хитлер стана еден ден пред заедничкото самоубиство во Хитлеровиот берлински бункер кон крајот на април 1945 година.
1931 – Родена е аргентинската танчерка, потоа државничка Марија Естела Исабелита Мартинес, позната како Исабела Перон. Беше претседател на Аргентина од 1974 до 1976 година. Функцијата шеф на државата ја стекна по смртта на својот сопруг Хуан Перон. Претходно во 1973 година стана потпретседател на Аргентина, а од власта е тргната по воениот удар, по што врз основа на одлука на воената хунта беше затворена од 1976 до 1981 година.
1932 – Роден е францускиот филмски режисер Франсоа Трифо, еден од творците на „новиот бран“ во францускиот филм. Со светска слава се стекна уште со првиот филм „400 удари“, снимен во 1959 година. Останати филмови: „Жил и Џим“, „Американска ноќ“ (Оскар), „Приказна за Адела“, „Пукајте на пијанистот“, „Дивото дете“, „Сосетка“, „Последно метро“, „Украдени бакнежи“.
1943 – Американскиот генерал Двајт Ајзенхауер е именуван за врховен командант на сојузничките сили во Северна Африка за време на Втората светска војна.
1945 – Во Скопје почна со работа првата предучилишна установа “Орце Николов”.
1952 – Умре британскиот крал Џорџ Шести, која го наследи ќерката, кралицата Елизабета Прва.
1958 – Во авионска несреќа на минхенскиот аеродром загинаа 23 патници, вклучувајќи и осум играчи на англискиот фудбалски клуб „Манчестер јунајтед“. Несреќата се случи по враќањето на играчите од Белград каде „Манчестер јунајтед“ играше натпревар во европскиот Куп на шампиони со „Црвена ѕвезда“.
1974 – Во Сен Џорџ, главен град на Гранада, прогласена е независност на овој остров – држава во Карипското Море. Гренада 300 години беше британски колонијален имот.
1985 – Во Охрид умре Тодор Зографски, македонски револуционер и општествено-политички работник. По завршувањето на првата светска војна активно учествуваше во македонското комунистичко и националноослободително движење. Притоа тој стана раководител на Месниот комитет на ВМРО (обединета). Во 1929 година кралскиот суд (на Кралството Југославија) за заштита на државата заедно со група македонски револуционери, е осуден на робија. Подоцна активно ја помагаше НОВ на Македонија, поради што беше и интерниран. Роден е во Велес, во 1892 година.
1992 – Република Турција ја призна Република Македонија.
1993 – Умре американскиот тенисер од африканско потекло Артур Еш. Тој беше првиот црнец играч кој со триумфот во Вимблдон во 1975 година успеа да победи на Грен слем турнирот. Умре од сида бидејќи беше заразен од вирусот на оваа болест по трансфузијата на крв при операција на срце.
1995 – Два вселенски брода од по 100 тони – најголеми кои некогаш биле споени во вселената, се сретнаа во првото американско-руско вселенско „матине“ после 20 години.
1996 – Јован Теговски стана првиот амбасадор на Република Македонија при Европската унија.
1998 – Во Доминиканската Република, во сообраќајна несреќа загина Јохан Холзек – Фалко, австриски поп и рап изведувач. Роден е во Виена, на 19 февруари 1957 година.
2000 – Вршителот на должност претседател на Русија, Владимир Путин изјави дека се завршени операциите во главниот град на Чеченија, Грозни, од кој се исфрлени исламските терористи.
2000 – Поранешниот фински шеф на дипломатијата Тари Халонен победи на претседателските избори, станувајќи прва жена шеф на држава во историјата на Финска.
2004 – Во експлозија која ја активира исламски бомбаш-самоубиец во метро во Москва загинаа најмалку 40 луѓе.
2007 – Умре Френки Лејн познат американски пејач кој со серија хитови стана еден од најпопуларните музичари во 50-тите години од минатиот век. Со својот препознатлив глас баритон и песни како што се “That`s My Desire”, “Mule Train”, “Jezebel”, “I Believe” i “Rawhide”, Леон беше еден од „претплатените“ на топ-листите се до појавувањето на рокен-ролот. Во текот на седумдецениската кариера, продаде повеќе од 100 милиони плочи од кои повеќе од 20 достигнаа златен статус. Имаше широк репертоар кој опфаќаше џез, блуз и кантри музика.