43.п.н.е – Роден е Публиј Овидиј Насон, еден од најталентираните римски поети, пријател на Вергилиј и Хорациј. Во своите исклучително музикални стихови најмногу внимание и посветуваше на љубовта. Неговите дела се одликуваат со фантазија, со психолошко забележување, со духовитост и хомор. Умре во 17-та година на новата ера.  

1413 – Умре англискиот крал Хенри Четврти, основач на династијата Ланкастер. На престолот дојде во 1399 година симнувајќи го својот братучед, кој во 1400 година под мистериозни околности умре во заробеништво во замокот Понтефракт. Во текот на владеењето ги задуши бунтовите на Велшаните и Ричардовите поддржувачи, но цената на тие војни беше големото оданочување на поданиците и исцрпувачката борба со парламентот за контрола на кралската каса. Последната година од неговото владеење го одбележа неговата тешка болест и острите фракциски борби во врвот на власта.

1727 – Во Кесингтон умре Исак Њутн, англиски физичар, математичар и астроном. Ги удри темелите на класичната физика и на вишата математика, го откри Природниот закон за општа гравитација, за меѓусебно приближување на сите тела, ги пронајде и основните принципи на механиката и трите основни закони за движењето, а го усоврши и телескопот. Роден е во Вулстроп, на 25 декември 1642 година.

1800 – Армијата на Наполеон ги победи Труците кај Хелиополис и тргна кон Каиро.

1815 – Францускиот цар Наполеон Први триумфално се врати во Париз од прогонство на средоземниот остров Елба. По „100-те дена владеење“ во битката кај Ватерло во јуни 1815 година беше поразен од силите на антифранцуската коалиција и доживотно беше протеран на островот Света Елена во Атлантскиот Океан.

1828 – Роден е Хенри Ибзен, норвешки писател. Во своите дела го осуди современото буржоаско општество и односите што владееја во него. Негови најпознати дела се “Нора”, “Комедија на љубовта”, “Непријател на народот” и други. Умре во Осло, на 23 мај 1906 година.

1875 – Роден е корејскиот државник Сингман Ри, прв претседател на Јужна Кореја, кој по поделбата на Корејскиот Полуостров, како водач на Либералната партија во 1949 година стана шеф на државата. Од власта се повлече во 1960 година.

1890 – Роден е италијанскиот пејач Бењамино Ѓиљи, еден од најголемите оперски тенори во 20. век. Повеќе од 40 години импресивно толкуваше 60-ина улоги, посебно во оперите на италијанските и француските  композитори. Исто така, играше и во низа филмови.

1890 – Вилхем Втори го смени германскиот „железен“ канцелар Ото фон Бизмарк.

1894 – Умре унграскиот револуционер Лајош Кошут, водач на Унгарската револуција во 1848 година, еден од најголемите противници на режимот на Хабзбуршката монархија. По упадот на хрватските сили предводени од банот Јосип Јелаичиќ во Унгарија во септември 1848 година, го организираше Комитетот за одбрана на татковината. Ги победи Хрватите и тргна кон Виена за да се пресмета со Хабзбурците, но унгарските реакционерни офицери го осуетија планот. Народното собрание во април 1849 година прогласи независност и ја симна монархијата, а во мај го избра за прв претседател на владата на слободна Унгарија. Републиката набрзо подлегна на надворешните воени напади. Емигрираше во август во 1849 година во Италија, а во Торино остана се до неговата смрт.

1898 – Во селото Ѓувљанци, Кукушко, каде што беа откриени осум души од Кукушката чета, во тричасовна борба против турската војска загина еден четник, како и неколкумина војници. Тоа беше единствен судир со турската војска што се случи две години од појавувањето на првите агитационо-организаторски чети во Македонија.

1908 – Роден е англискиот театарски и филмски глумец Мајкл Редгрејв. Филмови: „Госпоѓата која исчезнува“, „Браунингова верзија“, „Важно е да се викаш Ернест“, „Осаменоста на тркачот на долги патеки“, „Јуришот на лесната коњаница“, „Демони“.

1915 – Роден е рускиот клавирист од германско потекло Свјатослав Теофилович Рихтер, најзначајниот пијанист во 20. век. Според одредени музички критичари, најголем пијанист во историјата на музиката. Оригинално ги толкуваше композициите од различни епохи, интерпретирајќи ги со совршена техника со што ја воодушевуваше концертната публика ширум светот.

1929 – Умре францускиот маршал Фердинанд Фош, кој во Првата светска војна командуваше во клучните битки против Германците на Западниот фронт.

1933 – Германските нацисти во Дахау го отворија првиот концентрационен логор.

1934 – Во Софија умре Ѓакон Евстати, македонски револуционер. Покрај другото, водеше борба против великогрчките, великобугарските и великосрпските чети во Македонија. Роден е во селото Нестрам, Костурско, во 1873 година.

1941 – Германската авијација го бомбардира англискиот град Плимут.

1945 – Во Втората светска војна почнаа завршните операции за ослободување на Југославија, за што клучна улога имаше пробивот на Сремскиот фронт три недели подоцна.

1956 – Франција ја призна независноста на Тунис.

1972 – Во лавина на планината Фуџи во Јапонија загинаа 19 алпинисти.

1980 – Во Скопје умре Волче Наумчески, македонски писател. По Втората светска војна објави голем број стихозбирки за деца и возрасни меѓу кои спаѓаат “Поема за злото”, “Пролетни желби”, “Виорно време”, “Седумдесет цветови” и други. Роден е во Прилеп, на 31 јануари 1916 година.

1986 – Во Њујорк умре Бернард Маламуд, американски писател. Добитник е на Пулицеровата награда за романот „Поправувач“ (1971). Во 1979 година беше претседател на Американскиот ПЕН-клуб. Роден е во 1914 година.

1991 – По одржаните повеќепартиски избори во СРМ, во Скопје е формирана првата Влада на Социјалистичка Република Македонија. За прв претседател е избран д-р Никола Кљусев.

1991 – Каледа Зија е избрана за премиер на Бангладеш.

1992 – Во Скопје е формиран Македонскиот олимписки комитет. За претседател е избран Васил Тупурковски.

1994 – Тунис го доби првото повеќепартиско собрание.

1995 – Во Ирак упаднаа 35.000 турски војници во операцијата против курдските бунтовници.

1995 – Во напад со нервен гас на јапонската верска секта АУМ Шинркјо во токиската подземна железница беа задушени 12 луѓе, а повеќе од 5.500 повредени.

1996 – Еден од клучните ирачки генерали во Заливската војна Назар Хазраџи пребега во Јордан.

1996 – Во Скопје е основана Секцијата за македонско-американско пријателство.

1996 – Во Скопје, во издание на приватното претпријатие „Круг“, излезе првиот број на дневниот весник „Дневник“.

2001 – Најголемата нафтена платформа во светот за само неколку минути потона спроти бразилскиот брег, пет дена по силната експлозија во која загинаа 11 луѓе.

2003 –  Американските и британските сили ја почнаа инвазијата на Ирак, и покрај противењето на Франција, Русија, Кина и Германија, за само два часа по истекот на ултиматумот кој му го постави претседателот Џорџ Буш на Хадам Хусеин со синовите и соработниците да ја напушти земјата.

2005 – САД ја усвоија стратегијата за превентивни удари против државите кои претставуваат закана.

2007 – Најмалку 63 лица настрадаа во пожарот кој изби во дом за стари лица во местото Камишевачка, на Кавказ, во југозападна Русија, а беа повредени уште 30-ина.

2007 – Светската здравствена организација објави дека во супсахарска Африка во последните два месеци од менингитис умреле 1.670 лица, а уште 16.000 биле заразени со оваа болест.

2013 – Белгиецот Пјер Делињ е добитник на овогодишната Абелова награда  на норвешкиот комитет, кој го доделува ова престижно признание од областа на математиката, вредно милион долари. Советот на експерти го оцени како исклучителен придонесот на 68-годишниот професор по математика за алгебриската геометрија. Според Советот на експерти, неговата работа во пронаоѓањето на врските меѓу различни полиња на математиката довела до неколку важни откритија. Делињ е почесен професор на Институтот за напредни студии во Принстон во Њу Џерси. Претходно работеше на Институтот за високи научни студии во Париз, каде во 1970 година е избран за најмлад постојан член во историјата на таа институција. Делињ, по кого се наречени неколку математички концепти, напишал околу сто дела во областа на математиката. Тој е почесен член на Московското математичко друштво, како и на Лондонското математичко друштво.

2013 – На 84-годишна возраст умре бангладешкиот претседател Зилур Рахман. Тој стана 19-ти претседател на Бангладеш во 2009 година. Имаше еден син, кој е актуелен пратеник во Парламентот на Бангладеш, и две ќерки.