1633.- Римокатоличката инквизиција во Рим го уапсила италијанскиот астроном Галилео Галилеј затоа што ја докажал предноста на Коперниковиот хелиоцентричен систем над Птоломејскиот геоцентричен систем. Судот на инквизицијата, со закана за смрт, го принудила тоа учење да го прогласи за заблуда.

1668.- Шпанија и формално ја признала независноста на Португалија. Меѓу 1580-та и 1640 година Поругалија била под власта на шпанската круна.

1768.- Роден е рускиот писател Иван Андреевич Крилов. Во басните го следел грчкиот писател Езоп, но инсистирал и на рускиот фолклор. Покрај басни, пишувал и сатирични „писма“ и комедии. Со своите дела значително повлијаел на европската култура. Дела: збирки басни, комедиите- „Модна трговија“, „Литерат во ходник“, комичните опери – „Хистерично семејство“, „Кафеана“.

1787.- Во Милано умрел Руѓер Бошковиќ, физичар, математичар, астроном, филозоф и дипломат. Се школуваше во Дубровник, а потоа во римскиот језуитски колегиум. Од 1736 година се нижат неговите дисертации од математиката, геофизиката, механиката, оптиката, астрономијата и геодезијата. Многу патувал и се занимавал со дипломатска професија. Напишали многу научни и филозофски расправии икниги стихови. Роден бил во Дубровник, на 18 мај 1711 година.

1873.- Во Казан, на Волга, е роден Фјодор Иванович Шалјапин, руски оперски пејач, еден од најголемите оперски уметници на сите времиња. Неговиот глас бас-баритон бил извонреден по дијапазон, пластичност и изразност. Ненадминати се неговите улоги на Борис Годунов, Мамфисто, Иван Грозни и Дон Кихот. Умрел во Париз, на 12 април 1938 година.

1883.- Во Венеција умрел Рихард Вагнер, германски композитор, реформатор на операта и централна личност во нејзиниот развој во втората половина на 19. век. Негови најпознати дела се „Тристан и Изолда“, „Лоенгрин“, „Холанѓанецот скитник“, „Танхојзер“. Роден е во Лајпциг, на 22 мај 1813 година.

1903.- Роден е Жорж Сименон, француско-белгиски писател и новинар. Се прославил со голем број криминалистички романи во кои главната личност е инспекторот Мегре. Автор е на повеќе од 500 книги. Меѓу најпознатите дела се „Смртта на господарот Галет“, „Куќа на каналот“, „Црнечкиот кварт“, „Госпоѓицата од Конкарно“, „Странци во куќата“, „Браќата Рико“ и други. Умрел во 1989 година.

1947.- Во Скопје било основано Друштвото на писателите на Македонија. Основачи биле Блаже Конески (прв претседател), Димитар Митрев, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Владо Малески, Ристо Крле, Васил Иљоски и Иван Точко.

1958.- Умрел францускиот сликар Жорж Андри Руо, експресионист. Главни теми во неговите слики се арлекини, човечки маски и религиозни мотиви, а со задоволство сликал и на стакло.

1974.- Рускиот писател Александар Солжењицин, добитник на Нобеловата награда за литература, на кого му било одземено советското државјанство, бил протеран од земјата.

1974.- Во Белград умре Петар Лубарда, еден од најголемите српски и југословенски сликари. Работел слики, пастели и фрески инспирирани од пејзажите на Црна Гора, Париз и Дубровник. Роден бил на 27 јули 1907 година. Првата самостојна изложба ја одржал во 1925 година во Никшиќ а потоа во 1927 година и 1929 година во Париз и Рим. Од 1927 година учествувал на многубројни колективни изложби во земјата и странство. Бил редовен член на САНУ, и надворешен член на ЈАЗУ.

1975.- Кипарските Турци во северниот дел на островот, кој седум месеци претходно го окупирала Турција, прогласииле „федерална држава“, дополнително влошувајќи ја напнатата ситуација на овој медитерански остров. Формирано било „Турското уставотворно собрание“, на кое за прв „претседател“ бил избран водачот на кипарските Турци – Рауф Денкташ.

1976.- Умрела американската оперска пејачка од француско потеко Лили Понс, еден од најголемите колоритни сопрани на 20. век. Настапувала на сцените ширум светот, со посебен успех во њујоршката Митрополитен опера, а снимила и повеќе филмувани опери.

1983.- Во италијанскиот град Торино во пожар во кино загинале 64 луѓе.

1990.- Советскиот Сојуз, Велика Британија, Франција, САД и двете германски држави го објавиле планот за обединување на Германија.

1991.- Американски бомбардери го разориле прибежитето во Багдад, идентификувано како воена цел, во кое цивилите побарале спас од воздушните напади. Според ирачки извори, загинале околу 500 луѓе, меѓу кои многу деца и жени.

1996.- Во Скопје умрел Зија Бериша, актер на Албанската драма при Театарот на народностите во Скопје.

2002.- Шкотскиот парламент го забранил ловот на лисици, со што Шкотска станала дел од Обединетото Кралство кое го забранило овој традицонален омилен „спорт“ на британската аристократија.

2007.- Постигнат бил договор за нуклеарно разоружување на Северна Кореја. Шестте држави (Јужна Кореја, Кина, Русија, САД, Јапонија и Северна Кореја) во Пекинг постигнале договор за окончување на севернокорејската нуклеарна програма бидејќи Пјонгјанг се согласил да ги затвори своите клучни нуклеарни постројки во рок од два месеца, во замена за конкретна помош, најмногу во енергетика.

2012.- Обединетите нации и го врачиле на добитичката на Нобеловата награда за мир од Мјанмар – Аун Сан Су Чи, десет години старото признание „Манданџит Синг“ за промоција на толеранција и ненасилство, коена Чи и било доделено во 2002 година, но не и врачено, бидејќи тогашната власт ја стави во домашен притвор.

2017.- На 76 години во Лос Анџелес починал Ал Жаро, џез-пејач. Тој беше седумпати награден со Греми за сите три жанра. Кариерата ја започна во 1968 година свирејќи џез. Во 1975 година го издаде својот прв албум „We Got By“, а шест години подоцна го издаде албумот „Breakin ‘Away“, кој ја претставуваше неговата најуспешна песна и сингл „We’re in This Love Together“. Тој беше дел од хуманитарна акција при изведбата на песната „We Are the World“ во 1985 година. Откако му беше дијагностицирана пневмонија во 2012 година, поради што ги откажа концертите во Франција, почина на 12 февруари 2017 година од последиците на респираторната инсуфициенција.