Општина Демир Капија се најде на листата на Министерството за животна средина и просторно планирање, со одобрени средства за реализација на приоритетни инвестиции за водоснабдителни и канализациони системи, пречистителни станици и опрема, во вкупна вредност од 551.878,00 евра. За ова попладнево информираше демиркапискиот градоначалник Лазар Петров.
Градоначалникот нагласи дека ова е од огромно значење за општината. Тој искажа благодарност до Министерството и министерката Каја Шукова, за безрезервната поддршка што ја даваат на општината
– Продолжуваме заедно да градиме посигурна и поквалитетна општина за сите и гарантираме уште многу развојни проекти за Демир Капија, додаде Петров.