Најскапото засилување на Баерн Минхен во летниот преоден рок, Матијс де Лихт во својот прв натпревар успеа да се запише во листата на стрелци.

Advertisements

На Де Лихт му беа потребни само две минути да го постигне својот прв гол за Баерн кој со убедливи 6:2 славеше на пријателскиот натпревар против Ди Си Јунајтед.

На второто големо засилување на Баерн, Садио Мане, пак му беа потребни само пет минути да постигне гол. Мане во петтата минута го отвори резултатот, во првиот дел во листата на стрелци се запишаа уште и Сабицер и Гнабри за убедливи 3:0.

Прикажи повеќе