Вакцини против коронавирус, ковид пасоши и лажни негативни тестови се продаваат на таканаречената „темна мрежа“ (darknet), пишува Би-Би-Си.
Цената за доза на вакцини AstraZeneca, Sputnik V, Sinofarm и Johnson & Johnson се движи од 500 до 750 долари, додека лажните сертификати за вакцинација се продаваат за 150 долари.
– Advertisement –
Истражувачите од „Чек Поинт“, кои ги следат хакерските форуми и другите продажни места од јануари кога се појавија вакцините, велат дека е забележано големо зголемување на бројот на реклами поврзани со вакцините.