Британското кралско семејство живее со многу привилегии, но и многу правила на однесување…
Познато е дека членовите на британското кралско семејство живеат според одредени правила кои што никој не смее да ги прекршува.
Покрај тоа што не смеат да консумираат одредени видови храна, тие не смеат ниту да делат автограми, но и уште многу други работи.
Меѓутоа, едно од најнеобичните кралски правила се однесува на друштвената игра – Монопол!
Имено, уште во 2008 година, на принцот Ендру во текот на една службена посета му била подарена играта Монопол, но тој го одбил подарокот. Потоа љубезно додал дека неговата мајка не им дозволува на членовите од кралското семејство да ја играат таа игра.
Главната причина е тоа што оваа игра може да доведе до судири и кавги, а тоа не им прилега на аристократите. Тие можат да играат некои „помирни игри“, како на пример „Scrabble“.