Професорката Мирјана Најчевска преку социјалните мрежи кусо ја прокоментира средбата во Тирана кај Еди Рама, особено изјавата на Ахмети дека разговарале за ЕУ интеграциите на двете земји. Најчевска вели:

-Кога дојдовме до тоа Ахмети да разговара за ЕУ интеграцијата значи дека сме го допреле дното.  Тоа е исто како Ал Капоне да оди да разговара за концептот за човекови права. Мислам која е допирната точка меѓу водач на мафија и ЕУ стандарди?