Ако мислите дека подготовката на варива е едноставно и нема што да погрешите, се лажете. Не е доволно само да ги „фрлите“ во лонец состојките и да го вклучите шпоретот да се свари јадењето.
1. Големината на лонецот е важна – ако готвите за четиричлено семејство или поголем број луѓе, ви треба поголем лонец, во кој ќе ги собере сите производи. Ако го немате, динстајте ги состојките на етапи. Преполнувањето со производи на мал лонец нерамномерно ќе ја обработи храната, поради што на крај никој нема да биде задоволен со оброкот.
2. Не го засилувајте огнот – ако ја зголемите температурата на која го варите јадењето, за да бидете побрзо готови, тоа нема да даде добар резултат. Подобро варете на потивко, за да постепено се сварат состојките и да се спојат со течноста, па јадењето ќе биде повкусно. Најдобро е да се вари на средна температура, без силно вриење.
3. Не мешајте ги различните видови зеленчук – секој зеленчук различно се вари, па затоа не треба да ги додадете одеднаш. На пример, карфиолот и брокулата ќе се сварат брзо, а на компирот му треба време. Затоа следете ги рецептите и запомнете – зеленчукот богат со влакна и коренестиот зеленчук треба да ги ставите пред лиснатиот, бидејќи тој побрзо се вари.
4. Внимателно со солта – не зачинувајте на почетокот, додека зеленчукот е суров и нема пуштено од своите сокови и вкусови. Така може да се случи да го пресолите јадењето. Подобро е да досолите на крај.
5. Компир наместо класична запршка – наместо брашно пржено со масло, варивото можете да го згусните така што во него ќе ставите парчиња компир, кои во текот на варењето ќе пуштат скроб и ќе ја згуснат течноста.