Македонската гранична полиција не дозволи влез во земјава на бугарскиот европратеник од ГЕРБ Андреј Ковачев – заменик-претседател на ЕПП, како и на Милен Врабевски и уште тројца Бугари, јави репортерот на БГНЕС. Сите тие, како и секоја година на 6 мај, отпатуваа за да учествуваат на панихидата на бугарските воени гробишта во струмичко Ново Село.
„За жал, не ни дозволија да одиме на традиционалната прослава на Ѓурѓовден во струмичко Ново Село, веќе повеќе од 10 години на Ѓурѓовден одам во Ново Село, Македонија, кај бугарски воени гробишта.И јас годинава отидов таму и на големо чудење и ужас не не пуштија со образложение дека нивна одлука е да не пуштат, но никој не ни ги објасни причините. Имаме Указ со кој јас, Милен Врабевски и уште три лица бевме вратени од пунктот- тоа“, изјави за БГНЕС европратеникот Андреј Ковачев.
На прашањето на БГНЕС како овој чин треба да му го објасни РСМ на пратеник во Европскиот парламент во контекст на патот на РСМ кон ЕУ, Ковачев коментира дека е „крајно изненаден“.
„Пред само неколку дена се сретнав со министерот за надворешни работи Бујар Османи, ние, партијата ГЕРБ и нејзиниот лидер Бојко Борисов, правиме се што е можно за да го ослободиме патот на РСМ напред и да ги надминеме овие работи за во иднина. Затоа, инцидентот aпсолутно ми е нејасeн, ова е инерција од минатото, инерција во нивните служби, затоа што нивната служба за безбедност ги спушта списоците со луѓе кои не се сакаат да влезат во Македонија. И ова е иако на политичко ниво не треба да го имаме каков било проблем, особено за такво нешто како празнување на Ѓурѓовден и спомен на паднатите за Татковината“, додаде Ковачев.