При спроведена акциска контрола од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при МВР на автопатот Куманово – Скопје, санкционирани се 89 возачи.
Како што информираат од МВР, од нив 24 управувале со возилата со брзина над 50 километри на час поголема од дозволената, а девет со дури над 70 километри на час поголема брзина.
– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од Министерството.