Ако градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска не одржи средба со Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија и не ја отповика одлуката да не им ги продолжи договорите на 100 вработени во ЈП Водовод и канализација, од таа синдикална организација најавија протести и блокади.

Најавените протести и блокади ќе се одвиваат околу канцелариите на град Скопје, а од КСОМ велат дека нема да дозволат институциите да си играат мајтап со работниците.