Зошто претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери на лидерот на ДУИ Али Ахмети му се обраќа со „команданте“, праша еден новинар на брифинг со спикерот во парламентот, а одговорот што го добие е „тоа си е моја работа“, пренесува МКД.мк

„Па што има врска што не сме 2001 година, па и да сме 2100 година, јас пак на Ахмети ќе му се обраќам како што јас сакам. Оддамна се познаваме и никој не може да ми каже како да му  се обратам”, рече Џафери.