Бугарските државјани, кои живеат во РС Македонија ќе можат да го остварат своето гласачко право на парламентарните избори што ќе се одржат на 11 јули (недела) во 6 избирачки места на територијата на нашата земја.
Избирачките места се наоѓаат на следните адреси:
Амбасада на Република Бугарија, ул. Златко Шнајдер бр 3 Скопје
Генерално конзулство на Република Бугарија, ул. Први мај Битола
Центар за култура „Григор Прличев“, ул. Македонски просветители бр.4 Охрид
Хотел „Уни палас“, ул. Никола Минчев бб, Кавадарци
Ул. Партизанска бр. 52/А-44 Штип
Ул. Маршал Тито бр. 47, Струмица
Право на глас на претстојните парламентарни избори во Бугарија имаат сите полнолетни бугарски државјани со важечки документи за идетификација и припадници на Бугарската армија со воени книшки.
Лицата што не поднеле електронска пријава за гласање на страницата на Централната избирачка комисија (ЦИК) на самото избирачко место ќе треба да потполнат декларација дека не гласале и нема да гласаат на друго избирачко место и потоа ќе можат да го остварат своето право на глас.
Извор: Трибуна