Општина Дебар издвои 2.3 милиони денари,  финансиска поддршка за 25 граѓански организации за активности во оваа оваа календарска година.

Нивни претставници потпишаа договори во кабинетот на градоначалникот Хекуран Дука.

– Секогаш сум се залагал а така ќе биде и во иднина, за поддршка на спортски, културни и други активности, кои се интерес на развојот на млади здрави личности, активности кои се во интерес на сите граѓани. Потпишуваме договори за користење на средствата со 25 асоциации, кои транспаретно конкурираа и беа избрани на конкурсот објавен од општината. Посакувам успешна активност, рече Дука.

Малиќ Диша, одговорен за спроведување на оваа активност објасни дека барањата биле поврзани со организација на детски музички фестивали, фестивалот „Албански тетар во Северна Македонија“, организирање ликовни изложби, печатење книги од различни жанрови, а за првпат финансиска поддршка доби и ловечкото друштво „Стогово-2“.

-Искрено ова е првпат да добиеме финансиска поддршка од страна на локалната власт. Голема благодарност до градоначалникот за дадената помош, рече претседателот на друштвото Роланд Војника.

Воспоставувањето ваква практика токму е по предлог на градоначалникот а што едногласно беше поддржано од Советот на општина Дебар, по што беше објавен конкурс со соодветни критериуми и избрани корисниците на средства.