Според податоците од националниот систем „Мој Термин“ до денеска напладне вкупно 1623 деца и млади од 12 до 18 години покажале интерес за вакцинирање. Тие во текот на утрешниот ден ќе добијат термин за вакцинирање, кое за нив ќе почне од понеделник. Вакцинирањето ќе биде во постојните вакцинални пунктови во градот кој го навеле при пријавувањето, информираа за МИА од Министерството за здравство.