Министерoт за туризам на грција, Харис Теохарис, на прес-конференција што се одржа во рамките на меѓународната туристичка изложба „ИТБ Берлин“, соопшти дека од 14 мај, под слоганот „Сè што сакате е Грција“ неговата земја планира да ја отвори туристичката сезона.
За време на неговото излагање, Теохарис поајсни дека одлуката на грчата влада е за влез земјата да биде потребно да се почитуваат три основни здравствени протоколи: посетителите да бидат вакцинирани или да имаат имунитет по прележан ковид (документ за антитела), а доколу тие два услова да не се исполнети – ќе може да се патува во грција и со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.
Според одлуката, оние кои се вакцинирани нема да имаат обврска да прават брз тест при влез во земјата, а останатите кои пристигнуваат и покрај другите исполнети услови, како и минатата година, ќе треба да направат брз тест и во случај да е позитивен ќе бидат сместени во задолжителен карантин за чиј трошок ќе се погрижи државата.
Освен тоа, како што соопшти министерот, сите туристи можат да бидат подложени на случајни тестови, на ист начин како и минатата година.
Грчкиот министер за туризам посочи дека земјата гарантира дека секој турист што ќе ја избере Грција во 2021 ќе биде целосно безбеден .