На синоќешниот ЦО на СДСМ одлучено е да се распишат непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на партијата. Според информациите, синоќа голем дел од членовите на партијата инсистирале Заев да ја повлече оставката, но тој бил категоричен во намерата. Па, така тој се повлекува, а на 12-ти декември СДСМ ќе добие нов лидер. Дали тоа ќе биде Димитар Ковачевски, кој наводно е фаворит на Заев, или некој друг останува да се види.

Но, интересно е тоа што на 12-ти декември редовен конгрес ќе има и ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш се очекува Христијан Мицкоски повторно да ја добие довербата од членовите на партијата за нов лидерски мандат.